ВИДЕО – Штрајк во „Терминал“ Прилеп, немаат земено плата 3 месеци, се жалат и на нередовно здравствено осигурување


Вработените во „Царинскиот терминал“ од Прилеп кој што е основан од ЈКП „Комуналец“ од овој град денеска излегоа на предупредувачки штрајк затоа што немаат земено плата 3 месеци. Се жалат и на тоа дека немаат редовно здравствено осигурување скоро 1 година.


Година дена ќе се даде плата при крајот на месецот, 2 дена имаме здравствено осигурување, а сите сме возрасни, сите сме над 50 години, сите сме со проблеми, а здравствено немаме“, рече Славе Јорданоски, вработен во „Царински терминал“- Прилеп.

Моментално „Терминалот“ има 10 вработени, а веќе 1 месец била затворена и кујната со трпезарија на новите градски гробишта која беше во состав на „Терминалот“.

Секој месец чекаа да земиме ние плата, па да ги повлечат парите и Комуналец да земат пари. Но, оваа последна година, година и пол немаме никакво разбирање, ни од Комуналец, ни од градоначалник, ни од власт, ништо“, истакна Зоран Стеваноски, вработен во „Царински терминал“- Прилеп.

Претставниците од синдикатот на ЈКП „Комуналец“, кој го поддржаа протестот велат дека се донесло одлука Комуналец да му позајни 500.000 денари на „Терминалот“ што не било доволно за покривање ниту за една плата, а пак за 3 или 4. Велат нејасно е како „Терминалот“ работи и има пари, а тие немаат плата.

Не е во интерес на никој овој терминал да се затвори, знаеме дека царината е овде, доколку замине во Битола сите граѓани од градот ќе трпат последици.

А има работа?

Па да, вработените кажуваат дека има, како што гледате терминалот е полн со возила, значи има работа, но пари сега за сега нема“, изјави Пеце Игески, претседател на синдикатот на ЈКП „Комуналец“ при СУТКОЗ.

Проблем имаат и поранешните вработени кои сега се во пензија.

Немам земено 9 месеци отпремнина, нема исплатено ни јубилејни плати, к-15 и други давачки, ништо не е исплатено до ден денес“, вели Милан Мимишкоски, поранешен вработен.

Од ЈКП „Комуналец“ велат дека загубата на „Терминалот“ бил долгогодишен проблем, на кој тие интензивно работеле и најавуват решение за брзо време, но не кажаа точно кога.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи