На 04.11.2024 во 09.05 часот во ОВР Крушево, С.С.(37) од с. Борино, крушевско, пријавил дека на место викано „Брака” во с.Борино, пронашол неексплодирана рачна бомба.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.