Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на октомври лани зголемување за 6,1 процент.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 %.
Податоците покажуваат дека на годишно ниво ноќевањата поскапеле за 21,3%, алкохолот за 4,9% и храната за 2,1%.
На месечно ниво ноќевањата поскапеле за 5,9%, алкохолот за 0,3%, а храната за 0,2%.
Кумулативно за периодот јануари-октомври најмногу поскапеле ноќевањата за 13,5% и алкохолот за 5,6%.
Храната што се нуди во овие објекти во истиот период поскапела за 3,4%.