Во недела, 10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот иницијативата Спас за Прилеп во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијаетес Сина Револуција ќе организираат акција за пошумување која ќе се одржи во село Прилепец, односно кај манастирот Св. Никола.
„Оваа акција ќе има семакедонски карактер и би сакале да стани традиционална која во иднина ќе се одржува и во другите градови во Македонија. Ќе имаме гости исто така од различни градови од Македонија.
Отворено ве покануваме сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон оваа благородна акција да ни се приклучат во Недела.
Можите да ни се приклучите како со своето физичко присуство и дружење така и со донации на садници или друг вид на поддршка.
Однапред Ви благодариме и ве очекуваме во недела“, велат организаторите.
Оние кое сакаат да учествуваат во пошумувањето со себе треба да понесат алати како лопата или дурија.