ВИДЕО – Во Прилеп започна реализацијата на проектот „Денови на Свети Климент Охридски“


Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп, Преспанско – Пелагониската Епархија, прилепките училишта и Институтот за старо словенска култура го започна проектот „Денови на Свети Климент Охридски“. Реализацијата на проектот ќе трае околу еден месец, а истиот вклучува одржување на неколку работилници од областа на македонскиот јазик, област која ќе ја преводи наставничката Наташа Кулеска, историја каде превањата ќе ги држи наставникот Горјан Василески и групата по ликовна уметност ќе ја предводи наставникот Александар Џинго. Преку кои работилници учениците ќе го прошират знаењето на Свети Климент Охридски.

„Секоја група ќе има за цел од своите ментори да научи нешто повеќе за делото, животот и ликот на Свети Климент Охридски и ќе имаат за цел да направат творби со кои ќе се претстават на завршниот  настан кој што ќе се одржи на 8 декември, на самиот празник на Свети Климент Охридски, каде што ќе се одржи свечена манифестација, академија посветена на Свети Климент. Оваа манифестација има за цел да ги поттикне децата да научат нешто повеќе за делото на Свети Климент и да направат творби. Но исто така да ја засакаат својата родољубива историја и родољубиво македонско наследство. Односно не само црквите да ги гледаат како храмови туку и да ги гледаат и како свои домови откаде ќе можат повеќе да научат и да пренесат и на своите родители дома, но и пошироко настрана од нашата земја“, изјави Андреј Иваноски, претседател на Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“.

Овој проект е на некој начин продолжување на претходната активност на ова зружение, проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“ кој се одржа на 24 мај по повод празниот на Светите браќа и кој проект исто така вклучуваше вакви работилници и соработка на учениците.

„Всушност целта на ликовната работилница е да се изработи икона која ќе има за задача да се помине целата процедура, која што е автентична со византиското цртање, која пак датира од византискиот период, кој е установен како еден канон на сликање на икони кој има длабока поддршка во теолошка смисла. Претходниот проект го поминавме во најдобра смисла, целата процедура, соработката со учениците помина најдобро. Наидов на апсолутно разбирање и нормлано секогаш е добро кога се работи со талентирани деца. Децата беа посветени на самата работилница и на проблематиката која ја изработувавме“, истакна Александар Џинго, наставник по ликовна уметност.

Во проектот е планирана и екскурзија на учениците до Плаошник за уште поподобро се запознаат со ликот и делото Свети Климент Охридски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи