Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ се одржа свеченото отворање на Европскиот куп во параглајдинг. Натправарувачи од 24 земји во наредните 3 дена ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини во овој атрактивен адреналински спорт, кој годинава се организира под насловот „Ohrid fly Festival“.
„Голема благодарност до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за континуираната поддршка на овој прекрасен настан, каде во мај 2022 година за првпат го организиравме Европскиот куп во овој град. Сакам да упатам и голема благодарност до Општина Охрид, АРМ, Сојузот на средношколски спорт и организаторите на овој настан, како и до спонзорите за нивниот несебичен ангажман и поддршка.Со организацијата на овој настан и многу слични, Охрид полека но сигурно го оправдува епитетот „Центар на адреналинските спортови на Балканот“, ја збогатува туристичката понуда со ваква уникатна спортска манифестација, и секако создава услови за зголемување и продолжување на туристичката сезона на градот“, вели заменик министерот за економија, Марјан Ристески.