Комуналец ги чисти дивите депонии, но без ригорозни казни се е џабе, утре пак ќе никнат нови


Безмилосно се исфрла отпад и по патиштата кои водат кон православните храмови. Комуналец чисти, несовесните најверојатно се побројни. Ново жариште на диви депонии околу патот за Селце и манастирот Св. „Димитрија“. Откако несовесните граѓани изминативе години ги запоседнаа со истурање на градежен шут и комунален отпад сите убавини околу градов, тие немилосрдно последниве години истураат отпад и кон Селце. Граѓаните ова место го користат за чести прошетки до манастирот и до Топташ и редовно реагираат до нас.

Комуналците со градежна механизација и траспортни товарни возила ги исчистија сите поголеми и помали диви депонии на оваа локација. И покрај заложбите на комуналците, но и трошоците кои ги прават и не вродуваат со плод, несовесното однесување со отпадот и уништувањето на природните убавини никако да престане. Покрај несовесни граѓани, не се исклучени и градежните фирми на кои профитот им е поприоритетен од заштитата на животната средина која е и за генерации по нас.

Обврската на Комуналец е да исчисти се што несовеста од поедини граѓани направила. Без казни можеме да пишуваме со години што и каде се нагрдила природата и каде комуналците исчистиле. Години наназад се вртиме во круг, исчисти – потроши и пак истури отпад на надезволено место, па повторно чистење и така до недоглед.

Сепак, останува апелот до граѓаните дека комуналниот отпад го подигаат комуналците од домовите, додека за градежниот отпад слободен е влезот во депониата во Алинци, која е одалечена исто колку и сите создадени диви депонии околу градов.

За габаритен отпад граѓаните да се јавуваат на тел: 048/ 428 992. Секој четврток овој отпад се подига бесплатно од дворовите само истиот да не заврши во природа. Додека за градежен шут на располагање се контејнери од 5м3 со цена од 1360,оо денари и трактор со цена од симбилични 620,оо денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи