На 07.11.2024 во 00.15 часот на патот Прилеп – Дервен, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.К. (52), Г.О.Ч. (21), К.Б. (22) и К.Г. (52), сите од Република Турција, со престој во Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.