ПрилепНаТочак: Прилеп е град во кој имате две можности за движење, или со летање или со автомобил – трето нема

Втор ден со ред во општина Прилеп  страдаат двајца велосипедисти во она што се нарекува сообраќајна несреќа. Тоа може да го викате секако, само несреќа не, велат од групата на ентузијасти ПрилепНаТочак, кои со години се залагаат за подобар и побезбеден град за велосипедистите и пешаците.

„Не може на две од пет главни улици во Прилеп да бидат соборени и изгазени двајца наши сограѓани на точак во само 48 часа од кој едниот на пешачки премин во сам центар на град, а другиот исфрлен на шофершајбна како да е несреќа на автопат, а не во сред населено место.

Полиција има и навистина е присутна, речиси во секое кафуле, ресторан, кафеана, кладилница навистина секаде се забележува засилено присуство.

Секаде доаѓаат после несреќа, никаде ги нема да превенираат, цел град е паркинг, тротоар нема, патека пак воопшто…

Да сумираме Прилеп е град во кој имате две можности за движење, или со летање или со автомобил. Трето нема.

Затоа што и во летањето и во возењето автомобил ограничување нема, возете колку брзо сакате, возете каде сакате, паркирајте секаде, отворете бизнис и улицата направете ја паркинг од фирмата, нема никаков проблем…

Правете се, само немојте да одите пешки, на точак, во инвалидска количка, на тротинет, со детска количка…  се друго е дозволено“, стои во нивната реакција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи