Синдикалците бараат 450 евра минимална плата сега, не во март

Facebook
Twitter
Email
Print

Зголемување на минималецот веднаш и истиот да не биде понизок од  27.600 денари. Синдикатот не отстапува од барањето за пораст на минималната, а со тоа и на останатите плати.  Бараат што поскоро Владата да го свика социо-економскиот совет и вештачки да не ја намалува инфлацијата, за зголемувањето на платите да биде помало. Законскиот рок за пораст на минималецот е март и според пресметките треба да биде повисок за 1.800 денари, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата .

„Очекувам крајот на ноември или почетокот на декември министерот за економија да го закаже социо-економскиот совет и да видиме дали владата има политичка волја да го зголеми минималецот пред Нова Година. Ако сакаме да ја зачуваме куповната моќ на работниците, платите мора да растат. Не може да ја зголемите продуктивноста за 400, 450 евра плата. Март е многу далеку, да не чекаме дотогаш, можеби барањата тогаш ќе ни бидат и над 450 евра“, изјави Иван Пешевски, потпреседател на ССМ.

Од ССМ бараат да се следи примерот од регионот и платите солидно да пораснат.

„Сега, наместо да се мотивираат работниците, дел од бизнисот повторно бара недела да се воведе работен ден. Минатата недела Стопанската Комора за информатички технологии повторно ги побара ИТ инженерите да можат да работат од дома и во недела.

Не треба воопшто да се дискутира за тоа. Ако јас лично се прашувам, во недела ни еден мол не треба да работи, ни еден трговски објект во туристичките места. Евентулано да работат фабриките кои не трпат застој во производствениот процес и евентуално вработените во зоолошка“, додава Пешевски.

Недела неработен ден се воведе од 1 јануари 2022 -та година. Тогаш законот не го поддржаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ. По изборите, во јули годинава министерката за финансии најави дека владата размислува да го укине недела неработен ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи