Октетот Прилеп на 15 ноември 2024, петок од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен концерт, на кој се претстави со дел од својот репертоар на убава музика.
Гости на концертот се Сашо Башески, Белинда Ристеска и Викторија Георгиеска.
Октетот Прилеп работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна, а досега има издадено неколку албуми.
Со концертот ќе се одбележи 30 години творечка работа на Октет Прилеп.