ВИДЕО – Едукативна акција за користење на зимска опрема кај возилата на Центар за возила Прва Прилеп и ПС Прилеп


Денес 15 ноември започнува законска обврска за поседување зимска опрема на возилата која ќе трае се до 15 март. Центар за возила Прва Прилеп во соработка со полициското одделение за Безбедност при патниот сообраќај од овој град реализираше акција за информирање и подигнување на свеста, како и сообраќајната култура на сите возачи да поседуваат и користат зимска опрема во определениот законски рок.

„Денес 15 ноември започнува законската обврска за поседување на зимската опрема и трае се до 15 март. Во соработка со полициската станица од Прилеп – сообраќајното одделение, правиме едно мало информирање за сите возачи кои ги користат моторните возила. Еден мал придонес за подигнување на свеста и културата на сите возачи да ја носат и користат зимската опрема во законски определениот рок. Им даваме едукативни флаери за користење на зимската опрема и дел од законската опрема“, вели Никола Трајкоски, раководител на Центар за возила Прва Прилеп.

 

 

 

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:

зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.

пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.

пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm.

Ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала,   и  прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи