ВИДЕО – За ЈПДП нема никакви пречки ниту опасност да се започне со ископот кај Оревоец – жителите ќе блокираат по секоја цена


Врие полиција кај селото Оревоец. Утрово конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој сака да отвори ископ за тампон за изградба на новите автопати веднаш над селото, повторно со камиони се обиде да влези во рудникот. Граѓаните револтирано го блокираа патот со своите возила. Велат дека добивале закани од полицијата дека сите ќе бидат притворени доколку не си заминат од блокадите. Жителите велат дека нема да се повлечат по никоја цена затоа што и целиот слулчај во моментов е се уште во судска постапка каде тие бараат стопирање на ископот.

МВР ни кажува преку командирот дека имало наредба да се отстранат возилата, да се приведат присутните и дека тоа ќе го сторат по секоја цена. Во моментот постапката е на одлучување за времена мерка пред Апелациониот суд Битола и сметам дека ваквата наредба е апсолутно незаконита ако се знае дека јавното претпријатие е странка во постапката и дека се очекува исходот во постапката. Најмалку што можеше е директорот на јавното претпријатие е да го сочека исходот на постапката за изрекување на привремена мерка, па потоа да презема вакви, можам да речам режимски мерки“, изјави Жарко Стеваноски, адвокат и жител на с. Оревоец.

Жителите на Оревоец велат дека доколку се започне со активно минирање на теренот и копање на камен комплетно ќе се уништи целото село, кое се наоѓа на само неколку стотини метри од рудникот. А исто така се доведувале во опасност и изворите за вода на Прилеп.

Врз основа на вештачења обезбедени во судска постапка е утврдено дека ископот тука е штетен по здравјето, по водоснабдувањето и по стабилноста, односно статиката на објектите. Ако некој решил да бриши цели села од мапата на оваа држава, слободно нека повели, ова е начинот на кој ние се спротивставуваме. Ние продолжуваме упорно и ако денес ги кренат возилата со пајак службата наутро пак ќе има возила овде, веднаш после нивното кревање и ако можат да ги кренат сите возила од град Прилеп, слободно нека продолжат со ваквите активности“, додаде Стеваноски.

Од ЈПДП истакнаа дека кај овој ископ или на како што го нарекуваа ова Позајмиште биле извршени повеќе инспекциски контроли и не биле најдени недоследности, а немало пречки за работа од ниту од било кој суд. Доколку се изберело друго позајмиште за оваа намена државата дополнително ќе требало да плати на Бехтел и Енка околу 40 милиони евра. Според ЈПДП Прилеп не се снабдувал со вода за пиење од Ореовец, а не биле загрозени ниту куќите во селото. Според државата никаква законска пречка „Бехтел и Енка“ да отпочнат со ископот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи