ВИДЕО – Стеваноски: И ЈПДП поседува вештачења кои потврдуваат дека ископувањето кај Оревоец е штетно и за селото и за природата


Апсолутно невистинити се наводите на ЈПДП дека биле извршени инспекциски контроли и не биле најдени недоследности, напротив ЈПДП како странка во судската постапка ги поседува вештачењата од кои се потврдува дека понатамошно минирање во ископот ќе доведе до секнување на изворите за вода, дека не е прашање дали, туку прашањето е кога таквото минирање ќе доведе до рушење на објектите во селото и дека штетно ќе се одрази на воздухот во селото, вели во својата реакција адвокатот и жител на селото Оревоец, Жарко Стеваноскли, по соопштението на ЈПДП дека нема никакви пречки да се започне со ископ кај селото од страна на Бехтел и Енка.

„Вештачењата јасно потврдуваат целосно заобиколување на правилата за ископ на минерални суровини. Впрочем, ниту ЈПДП, ниту Бехтел и Енка не ни докажаа нешто спротивно од она што потврдуваат вештачењата. Зарем малку им беа 5 месеци тоа да го сторат за да докажат дека сето ова е законито.  Како тоа немало пречка од суд кога постапката е во фаза на одлучување пред Апелациониот суд Битола. Зарем е важно дали државата ќе плати 40 или 400 милиони евра за дислокација. Тоа државата требало да размислува кога избрала да врши ископ на 400 метри од урбанизирана населба, на локација заштитена со Национална стратегија која оваа Влада ја донела.

Зарем здравјето и безбедноста на жителите на ова населено место може да се вреднува во пари.  Изјавата на ЈПДП дека Прилеп не се снабдувал со вода од изворите во с.Ореовец се неточни, затоа што овие извори се алтернативни за акумулацијата на вештачкото езеро. Крајно, срамно е Директор на ЈПДП да нема храброст да се соочи со проблемот и аргументите на жителите на ова населено место и незаконито да се служи со употреба на полициска сила. Ако ЈПДП има проблем со ваквите блокади може да се обрати до судот за да бара времена мерка, дотогаш ние ќе го користиме своето уставно право на мирен протест“, истакнува Стеваноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи