Ристески: ТКП работи на финансиска консолидација на компанијата и е подготвен за откуп на тутунот


Заменик министерот за економија Марјан Ристески денеска го посети Тутинскиот Комбинат – Прилеп, каде оствари средба со новиот Генерален извршен директор, Александар Алексовски и неколку членови на одборот на директори на комбинатот. Од новиот менаџмент истакнале дека работат на финансиска консолидација на компанијата, како и дека се подготвени за новиот откуп на тутунот кој започнува од наредната недела.

„АД Тутунски комбинат Прилеп е со над 80% државна сопственост, се бави со производство на цигари, преработка и продажба на обработен тутун и е една од најважните компании за економскиот развој на државата и овој регион. АД Тутунски комбинат Прилеп е компанија која има стратешко партнерство со светскиот гигант во оваа индустрија Филип Морис Интернешнл (ФМИ) од 2014 година. Александар Алексовски е најмладиот генерален директор во историјата на оваа компанија и се надевам дека позитивно ќе одговори на овој нов професионален предизвик и ќе биде една успешна приказна за комбинатот. Му посакувам многу успеси на новата позиција, се надевам дека ќе придонесе за развој на оваа гранка и дека ќе воведе нови вредности во менаџирањето на комбинатот“, вели Ристески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи