Во Прилеп во кафулето My Place започна големиот турнир во табла во организација на Васко Смилески и овој угостителски објект. Во моментов се играат елиминацијоните кола. Турнирот започна во 11 часот првата група и втората група од 14 часот. Турнирот продолжува и утре во недела, исто во 11 часот кога ќе се играат 16-тина, 8-мина, 4 финале, полуфинале и големото финале.
Се игра на 5 добиени, фрлањето на заровите е од чаша, заровите се фрлаат на едната половина од таблата, зарот што ќе падне на пул се смета за регуларен.
Спонзори на турнирот се популарната пицерија „Академи“, Витаминка, Прилеспкка Пиварница, бутикот за спортска облека „Паренцо“, бутик за облека „Аполо“, бутик Нептун, ЈК Травел, теретана Champion, продавница за играчки и школски прибор „Тргачо“, а медиумски покровител е порталот Инфо Компас.
Обезбедени се и голем број на награди: 10.000 денари за 1 место, 5.000 денари за второ и 3.000 денари за трето место, како и ваучери за сите четвртфиналисти од големиот број на спонзори и поддржувачи на овај голем турнир.
Како изгледа атмосферата на турнирот погледете од фото галеријата.
14