ВИДЕО – Протоереј Петрески: По втор пат го распишавме вториот Божикен награден конкурс за литературна и ликовна уметност


Ја известуваме јавноста дека по втор пат го распишавме вториот Божикен награден конкурс за литературна и ликовна уметност 2025 кој ги ангажира учениците од основните училишта од општина Прилеп. И така овој конкурс кој и ланската година предизвика огромен интерес и на кои учествуваа повеќе од 250 учесници, покажа дека нашите прилепски таленти се подготвени да ја изразат својата креативност и да го слават Божиќниот дух преку боја и збор, истакна на денешната прес конференција в.д. старешината на храмот Св. Петка, Протоереј Љупче Петрески.

„Оваа година се разбира дека очекуваме уште поголем интерес да надмине сигурно бројка од 300 учесници, а сите ќе можат да творат на тема „Рождество Христово божиќната радост во нашиот дом“, значи може да творат на моменти кои се блиски до Рождеството Христово или да го насочат своето внимание кон топлината на Божиќните празници која ја доживуваме во нашите домови и да творат за семејните вредности.

Од она што го видов на ланската година видовме дека се едуцирани, дали тоа било заслуга на менторите од училиштата, секоја им чест, и на родителите, се пофалија родители дека и покрај нивните деца за овој настан научиле доста работи за Рождеството Христово и така навистина еден воспитно образовен настан за сите и за младите и за повозрасните генераци да се запознаат поблиску со настаните со моментите околу Рождеството Христово и навистина да го доживеат тој Божиќен празничен дух.

Се водиме од идејата а да ги привлечеме младите пред сè, значи да тие се во фокусот на нашите активности и сакаме да создадеме во нашиот храм една атмосфера на духовност и инспирација, каде што духовноста и уметноста ќе коегзистираат и ќе владее атмосфера на љубов и заедништво што го видовме од настаните културни, уметнички кои ги организиравме през оваа година и па, така преку настапите на врвни уметници како Драган Даутовски, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски со бендот.

Имаме и концертна музика, настапи оперскиот тенор Стефан Неданоски со професорката по пијано од Италија Клаудија Рон Дели, имавме една музичка вечер кога ги собра на едно место прилепските таленти на класична музика, почнувајќи од основното музичко училиште во Прилеп, од средните училишта во Македонија и студенти кои што студираат во и надвор од Македонија беше прекрасна вечер имавме вечер на  хорска музика кога настапи женскиот камерен хор „Керамија“ и нашиот црковен хор „Света Петка“.

Имавме сега брзо во соработка со државното музичко училиште од Битола настапија пијанисти од тоа училиште исто така навистина прекрасна вечер и еве во следниот месец месец декември најавуваме доста активности во очи на Свети Климент Охридски.  На 07.12. ќе имаме духовна академија во чест на Свети Климент. На овој музички, литературен прозен поетски перформанс во соработка со гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп ќе се слави ликот и делото на Свети Климент од страна на учениците од оваа гимназија под менторство на нивните предметни наставници по Македонски јазик и по музичко образование Дарко Ристески, Татјана Ивановска.

Потоа на 11.10. во соработка со основното музичко училиште од Прилеп ќе бидеме домаќини на музичките таленти за пијано и виолина од ова училиште и тоа ќе биде уште еден доказ дека уметноста музиката може да не воздигнува и духовно. Трет настан ќе биде во чест на Свети Николај Мирликијски патронот на нашиот град на 16 ти декември кога ќе имаме настан во соработка со основното училиште „Блаже Конески“ и тогаш нивните ученици, ќе го оживеат ликот и делото на Свети Николај преку музички изведби хорски изведби на црковни песни и адаптираното житие на Свети Николај и претставено во брошура, тоа е дел од нивните вон наставни активности“, истакна Петрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи