На 21.11.2024 во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 03.00 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа.
Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
11