ВИДЕО – Прилепските ученици дел од проектот „Денови на Св. Климент Охридски“ на едукативна екскурзија во Охрид


Во тек е реализацијата на проектот „Денови на Свети Климент Охридски“ во организација зружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“, во соработка со Општина Прилеп, Преспанско – Пелагониската Епархија, прилепките училишта и Институтот за старо словенска култура чија цел е подобро запознавање на учениците од основното образование со ликот, делото и животот на нашиот просветител Св. Климент Охридски. Проектот вклучува одржување на неколку работилници од областа на македонскиот јазик, област која ќе ја преводи наставничката Наташа Кулеска, историја каде превањата ќе ги држи наставникот Горјан Василески и групата по ликовна уметност ќе ја предводи наставникот Александар Џинго.

Како дел од проектот викендов околу 100 ученици од Прилеп и дел од Општина Долнени го посетија Охрид и каде ги проширија знаењета за Свети Климент Охридски. Учениците прво го посетија манастирскиот комплекс Плаошник. Наставникот Горјан Василески ги запозна учениците со историјата на ова место, но и со животот и Свети Климент.  Учениците се поклонија и на гробот на Свети Климент кој се наоѓа во самата црква.

Од Плаошник се посети и црквата Богородица Перивлепта, каде пред да се изгради манастирскиот копмплекс на Плаошник се наоѓаа моштите на Свети Климент. Учениците исто така имаа можност да се запознаат со прекрасните дела на византиската уметност во Галеријата на икони, која се наоѓа во оваа црква. А во дворот на црквата се поклонија и на гробот на великанот Глигор Прличев каде прочитаа дел од неговото дело „Сердарот“.

На крај екскурзијата заврши со посета на катедралната црква Света Софија и стариот дел на Охрид.

„Учениците дојдоа во голем број, тие од страна на нивните наставници, од своите ментори беа запознаени со делото и животот на Свети Климент Охридски и во кој домен во нивната секција може да се вклопи неговото дело. Литературната секција имаше можност да ја запознаат повеќе делови на глаголицата на неговата препишувачка дејност на Свети Климент Охридски, историскиот дел преку предавањата на наставникот Горјан Василески имаа можност длабоко и доста добро да ја запознаат историјата на сите црки и колкаво било влијанието на Свети Климент Охридски кога го создал првиот Универзитет на Балканот и во Европа. И исто така Александар Џинго имаше можност да им го опише начинот на фрескоживописот како тие уште за времето на Свети Климент Охридски и после тоа ги запазиле тие основни принципи кои се темел визатинското сликарство. Се надевам дека оваа екскурзија ќе придонесе многу повеќе да ги заинтересира учениците за да повеќе го афримираат делото на Свети Климент и да го пренесат на своите наредни генерации. Всушност тоа е и целта на овој проект да се поттикнат младите да ја истражуваат историјата на Македонија и на она што е наше духовно богатство. Односно нашите светители, оние стожери на нашата просвета кои се длабоко вкоренети во нашата историја“, изјави Андреј Иваноски, претседател на здружение „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“.

Учениците истакнааа дека се пресреќни што се дел од еден ваков проект преку кој може да ги прошират своите знаења за македонската историја, но и за ликот и делото на Свети Климент Охридски.

„Ние со оваа екскурзија научивме многу прво за историјата на Македонијам ги посетивме Плапшник, црквата Богородица Перивлепта, црклвата Света Софија, научивме многу за фреските кои се наоѓаат во сите овие  цркви, како се изработени, кога, од какви материјали, исто го посетивме и Прличевиот гроб, го споменавме и „Сердарот“ и делата  на тој голем интелектуалец. Овој проект многу инересен и мислам дека се потребни повеќе вакви проекти бидејќи сите нас младите не собираат на едно место и ни прават заедно да работиме и да имаме тимска работа“, вели еден од учесниците на екскурзијата.

 

„Како што споменавме црквите како е Света Софија која била изградена во 11 век и таа била црква посветена на мудроста. Како што ни раскаажаа црквата Света Софија не е посветена на светителката Св. Софија туку на Бог кој е мудрост и центар во нашиот свет. За Свети Климент научивме дека тој е еден од учениците на Свети Кирил и Методиј кој што го продолжил нивното дело и со тоа продолжил да го раширува христијанството. Јас мислам дека овој проект е одличен и дека преку него се запознаваме со деца на наша возраст и сме благодарни на нашите наставници кои ни овозможија да бидеме дел од вакво нешто“, кажа друга ученичка дел од овој проект.

 

„Ние научивме за значењето на Свети Климент Охридиски, за неговите дела што значат иконите што се нацртани во манастирите и кој век се изградени. Свети Климент ја продолжил глаголицата и го изградил Климентовиот универзитет во Охрид каде се образувале околу 3.500 ученици и кој бил прв Универзитет во Европа“ изјави друга ученичка.

 

„На денешниот ден научивме многу интересни работи како на пример тоа дека Свети Климент ја продолжил дејноста на Свети Кирил и Методиј дека го основал првиот словенски Универзитет и дека тој продолжил со ширење на христијанството околу Охрид. Јас сум дел од историската секција и правиме обид за еден поголем проект преку кој ќе ги искажеме значењето на Свети Климент, неговиот живот и неговите големи достигнувања“, рече друг учесник на оваа екскурзија.

Проектот „Денови на Свети Климент Охридски“ со работилниците продолжува во Прилеп се до 8 декември кога за празникот на Свети Климент е предвиден завршен настан во градската библиотека „Борка Талески“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи