Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 18 ноември.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС пак се зголемува за 1,029 денари/килограм.
Од 26 ноември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 77,00 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 79,00 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 72,00 (ден/л)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (ден/л)
- мазут М-1 НС – 44,737 (ден/кг)