„УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ во кино Мис Стон Прилеп


Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ ќе се прикажува во кино Мис Стон, на 26.11.2024 – 19.00 часот. Влезници на билетарницата од киното понеделник и вторник од 10 до 12 .00 ч. и еден час пред почеток на проекцијата.

Шармантен, младалачки, шизички, љубовен… филм кој прво ќе ви ја убие досадата (ако ја убиете прво мрзата и отидете да го погледнете). Урбана тема, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци и натуршчици, реплики за памтење. Ќе ве освежи!

 

 

Година: 2024

Режија: Димитар Оровчанец

Продукција: ТРИС ФИЛМС, ДМФ ФИЛМС

Времетраење: 106 минути

Во филмот играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други.

Камерата е на  Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на  криминалното подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

Филмот имаше светска премиера на  30. Филмски фестивал во Сараево, а го затвори 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола на  септември.

Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=dDY7mNTAzqw&t=2s

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи