ВИДЕО – Засадени 5.000 садници багрем и 1.000 садници бор во М. Брод во соработка со хуманитарната организација „Св.Спас“ и „Џонсон Мети“


По иницијатива на Општина Македонски Брод во соработка со Хуманитарната организација „Св.Спас“ и приватната компанија „Џонсон Мети“, во теков на денешниов ден на локалитет „Стојанова населба“ се изврши акција во засадување на 5.000 парчиња од медоносни багремови дрва и 1.000 парчиња бор.

„ Пријателите се познавата кога ви е најтешко и токму така ккога ни беше најтешко во летниот период кога нашата општина јај зафатија голем број на пожари, тука секогаш до нас беше хуманитарната организација Св. Спас и отец Оливер. Нашата соработка како со нив како општествено одговорна организација продолжува и понатаму. Често пати се поставуваше прашањето штп ќе се случува после пожарите? Еве што ќе се случува, заедно со хуманитарната организација Св. Спас, заедно со нашите донатори Џонсон Мети вршиме засадување на опожарените подрачја. Нашата соработка се надевам дека во иднина ќе продолжи и отец Оливер и неговата хуманирна организација во Македонски Брод нека се чувтствува како дома. Македонски Брод е нивниот втор дом“, истакна градоначалник на Македонски Брод, Жарко Ристески.

Ристески искажа и голема благодарност до вработените во Општина М. Брод, Советот на Општина М. Брод, Подружница Шумско Стопанство „Сандански“ М.Брод, Шумска Полиција М.Брод, Јавно Комунално Претпријатие, Водовод и Канализација, Дом на Култура, Детска Градинка, учениците и вработените од ООУ „Св.Климент Охридски“ и СОУ „Св.Наум Охридски“, Еколошкото друштво „Треска“ и сите останати волонтери кои самостојно се вклучија во оваа убава акција за опшествена одговорност кон животната средина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи