Лишен од слобода жител на Десово кај кого биле пронајдени ловни пушки и патрони

На 27.11.2024,  врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на  М.У.(28) од с.Десово, општина Долнени.

При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.

Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи