Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.

Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за дополнителни информации студентите може да го контактираат МОН по е-пошта на subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или да ја посетат канцеларијата на приземјето во зградата на Министерството.

МОН посочува дека сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи