Во рамки на проектот „Граѓаните против корупцијата“ се промовираше апликацијата „РЕАГИРАЈ“ каде што граѓаните ќе можат да реагираат против корупцијата во општеството која што е застапена во различни сфери. Целта е граѓаните преку ова да се охрабрат, да не ги премолчуваа овие процеси и да вршат континуиран притисок врз институциите да започната борба со овој вид на криминал.
„Првата работа која што е очекуваме е дека не се сами во борбата со корупцијата. Една од пречките која што повеќе истражувања ја потврдиле е дека граѓаните мислат дека се сами и затоа не се вклучуваат во тој процес против корупцијата. Сите знаат дека има корупција, но охрабрувањето да бидат дел од тоа решението на проблемот е чувството на осаменост и отуѓеност. И една од целите на караванот е токму тоа, граѓаните да видат дека имаат свои парнтнери. А втората работа е дека со нас се ДКСК, Финансиската полицијја, општините и граѓаните ќе може директно да дојдат тука и да пријават корупција“, потенцираше Миша Поповиќ, Институт за демиократија.
„Постои сеуште тој страв кај граѓаните да дискутираат јавно за прашања поврзани со корупција. Токму затоа продолжуваме тука да ја отвораме таа тема во еден отворен форум да можат тие директно да дискутираат со институциите. Бидејќи борбата со корупцијата не е само на институциите, борбата против корупцијата треба пред се’ да потекнува од граѓаните што е и целта на целата оваа програма: да ја подигнеме свеста кај граѓаните, да ги мотивираме, со една крајна цел да се зголеми притисокот кон институциите да покренуваат случаи за корупција“, изјави Снежана Камиловска Трпковска, коордонатор на проектот „Граѓаните против корупцијата“.
Антикорупцискиот караван по Битола продолжи во Прилеп на платото кај Градскиот саат каде граѓаните ги пријавуваа случаите на корупција за која сметаат дека ја има во сите нивоа на функцинирање на државата.
„Па корупцијата е претежно во судството и кај политичарите. Ако оваа Влада не преземе сега нешто за корупцијата тоа така и ќе си продолжи и во иднина, но мислам и дека и тие во МВР се корумпирани затоа никој не презема ништо“, вели еден граѓанин.
„Во нашето општетсво мислам дека има корупција во секој сегмент од највисоко до најниско ниво. Има многу начини на кои може да се спречи корупцијата, а сето зависи од волјата на самите власти и претходните и сегашните. Мислам дека нема доволно волја кај властите за да се спречи корупцијата“, рече една граѓанка.
Караванот за охрабрување и мотивирање на граѓаните да пријавуваат корупција ќе продолжи и во други градови.