На 03.12.2024 во 21.40 часот на место викано „Преслап” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К. (27) од Република Турција и К.Ц. (34) од Индија, двајцата со привремен престој во Прилеп.
„При преглед во патничко возило „фолксваген” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени марихуана и метална дробилка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава“, велат од СВР Битола.