Со радост Ве известуваме и покануваме во сабота, на 14 декември 2024 година, со почеток во 11:00 часот, во храмот „Св. Петка“ во Прилеп на духовно-образовната детска академија „Децата во чест на св. Никола“, а во соработка со ООУ „Блаже Конески“, информираат од храмот Света Петка од населбата Точила во Прилеп.
„Настанот ќе вклучува музички хорски изведби и рецитал со содржини инспирирани од христијанските вредности и верата, изведени од ученици од основното училиште. Покрај тоа, посебен момент ќе биде промоцијата на детската книшка „Приказна за св. Никола“, адаптирана за најмладите, збогатена со икони и православни илустрации кои ги прикажуваат клучните моменти од животот на св. Никола, патронот на нашиот град Прилеп. Овој настан е плод на заедничката соработка меѓу храмот „Св. Петка“ и ООУ „Блаже Конески“, со цел да се поттикнат младите кон духовен, културен и образовен развој преку уметничко и книжевно изразување“, додавата од храмот Света Петка .