Изненадувачки е што според информациите кои ги поседувам и од самата интернет страница mojakosnica.mk каде што граѓаните може да проверат кои се компании и маркети влегуваат, новогодишната кошничка достигна една фантастична бројка од околу 1.000 производи и ќе надмине 1.000 производи со почетокот на самата акција, изјави денеска заменим министерот за економија Марјан Ристески.
„Голема благодарност до сите комнании и маркети кои учествуваат во оваа општествено одговорна акција, која произлезе од нив, а ние како Министерство за еконимија и Влада ја поддржавме. Знам дека има многу скептичност кај граѓаните ооколу намалувањето на цените и еве ги повикувам сите граѓани јавно, вклучувајќи ги и синдикатите заедно со пазарната инспекција, која ќе биде на терен да прават и самите мониторинг и да се уверат дека сите производи кои ги понудиле самите компании ќе бидат намалени за најмалку за 10%, од најниската цена пртетходнот месец, пред да започне акцијата.
Не верувам да има одредени изигрувања затоа што со задоволство компаниите и маркетите ја дадоа оваа мерка која произлегува од нив и не верувам дека самите ќе ја изиграат. Да напоменам дека слична ваква акција има и во соседна Грција и тоа е добро бидејќи кога имаме еден тренд на зголемување на храната секаде во светот ние правиме едно вакви мерки како Министерство за економија и Влада со што го штитиме животниоста стандард на граѓаните да добијат поевтини цени токму на вакви големи празници, како што се Нова Година и сите тие денови на основни прехрамбени производи кои ја опфаќаат таа празнична трпеза.
И да напоменам дека во оваа копшница се опфатени алкохолни и безалкохолни пијалоци, месо и месни производи, риба, пекарски производи, тестенини, млеко и млечни производи, овошје, зеленчук, кондиторски производи… Сето ова граѓаните може да го видат на mojakosnica.mk.
Учествуваат над 80 компании до овој момент, имаме околу 962 производи, но до крајот на денот бројката ќе биде над 1.000 производи и ќе се продава во маркети на над 300м пултови низ државава. Така што очекуваме граѓаните овие новогодишни празници да ги поминат со пониски цени и да заштедат дел од својот смеен буџет.
Во кошницата гледавме да бидат производи кои не зависат од светската берза, за да не правиме голема штета на компаниите кои ги произведуваат. Такви се маслото за јадење, какаото, шеќерот, кафето. Гледаме дека многу се зголемени цените на кафето и какаото, на шеќерот и исто така суровините за маслото и гледавме да не бидат овие производи внесени во кошницата. Но гледам дека има одговорни компании кои што и на тие производи кои беа изземени дадода одредени попусти. Еве би го кажал маслото „Бисер“ од Струмица има попуст на сите цени на неговите производи за масло за готвење. Па овој пример нека го следат сите компании во Македонија да бидат општествено одговорни да ги симнат цените и да понудат добри цени“, рече Ристески.