Петта година по ред и мал јубилеј Новодишна тура на највисокиот прилепски врв Козјак 1.747 мнв. во организација на „Прилепски Планинари Авантуристи“.
„Успешно да ја започниме новата планинарска година и да поставиме ново македонско знаме на јарболот на врвот Козјак. Старт на турата 09 часот на 01.01. 2025 од с. Плетвар. Исхрана од ранец“, информира Владимир Јованоски од „Прилепски Планинари Авантуристи“.