На 13.12.2024 околу 11.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А. (39) од Прилеп затоа што во просторија во ОВР Прилеп агресивно се донесувал кон полициски алужбеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица, по што бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор.