Мицкоски и Трипуновски мора да се извинат на тутунарите за своите лаги и потценување. Ако имаа барем малку образ и чест, Мицкоски и Трипуновски ќе им се извинеа на тутунарите, ќе наведнеа глава и немаше ниту да го спомнат тутунот“ вели пратеникот на СДСМ, Миле Талески.
„Минатата година ветуваа субвенции од 160 денари за секој килограм предаден тутун, но, како што посочи Талески, „обезбедија едвај по 80 денари, кои после нашиот притисок мораше да ги зголемат на 100 денари – исто колку што лани на тутунарите им додели Владата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ минатата година најавуваше откупна цена од 600 денари по килограм тутун, но реалноста денес е сосема поинаква. „За историска цена сега ја претставуваат цената од 400 денари по килограм,“ рече Талески, истакнувајќи дека имало огромно разочарување кај тутунарите.
Според Талески, оваа Влада со своите лаги и потценување директно ги оштетувала земјоделците.
„Токму тутунарите ќе бидат првите кои ќе им ја испорачаат фактурата на Мицкоски и ДПМНЕ и ќе ги архивираат како најлошата Влада во историјата на Македонија. СДСМ останува на страната на тутунарите и сите земјоделци, нудејќи вистинска поддршка и мерки за развој на земјоделството и заштита на трудот на секој земјоделец“ , додаде Талески.