ВИДЕО – 22 години успешна приказна – Центар за ментално здравје Прилеп при ЈЗУ Психијатриска болница Д. Хисар


Можеби реткој кој знае, но во Прилеп веќе 22 години функционира Центарот за ментално здравје Прилеп кој што е дел од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар и кој што се наоѓа во бараките во кругот на старата Итна помош во Прилеп. 22 години овој Центар е една успешна приказна која им помогнала на илајдници наши сограѓни во решавање на проблемите и психичките болести и состојби кои што ги имале. За овој центар поразговаравме со д-р Кире Стојаноски психијатар и раководител на овој центар и психологот Александар Димески вработе во оваа установа.

Центарот пред се помага за намалување на бројот на хоспитализации, државата заштедува на болничко лекување на пациентите, а се намалува и стигмата која постои кон овие лица во општеството. Тие не се хоспитализирани и по добиената терапија можат нормално да функцинираат во општеството, а голем дел од нив да бидат и работоспособни.

Во моментов Центарот го посетуваат околув 160 лица од нашата општина и тој е замислен да функциниора како дневна болница. Токму светски тренд е деинституционализација на установите како психијатриската болница во Демир Хисар и што е можно повеќе отворањето на вакви центри, а за жал кај нас се бројат на прсти.

Со Стојаноски и Димески поразговарме за тоа како граѓаните кои имаат потреба може да добијат преглед тука, дали им се потребни нови вработувања и дали имаат недостиг од кадар, за стигмите во општеството, за тоа колку е потребна поголема поддршка и помош од државата и институциите на ваквите центри, но и за тоа колку граѓаните се грижат кај нас за менталното здравје и колку редовно имаат прегледи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи