МВР распиша потерница по Груби и Бајрами

Facebook
Twitter
Email
Print

Артан Груби и Перпарим Бајрами официјално станаа бегалци барани со меѓународна потерница. МВР објави потерници за двајцата кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. Тие засега се недостапни на органите на прогонот.

Јавното обвинителство вчера информираше дека доставило барање до МВР за распишување потерници, откако Основниот кривичен суд за Груби и Бајрами одреди мерка притвор од 30 дена. Груби наводно ја напуштил земјата пред почетокот на полициската акција. Според извори од истрагата, тој бил превезен до Косово со возило со дипломатски таблици. Возач на возилото бил Арсим Папранику, бизнисмен и сопственик на компанијата „Нептун“.

Човекот кој го “спаси” Артан Груби, а и ја злоупотреби својата положба како почесен конзул на Косово во Македонија, бил повикан во полициска станица Карпош на информативен разговор, потврдија од МВР.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера потврди дека истрагата за проневерата во Државна лотарија опфаќа повеќе осомничени, вклучително и поранешен премиер, прв вицепремиер, генерален секретар и други државни службеници.

„Кривичната пријава поднесена на 13 декември 2024 година од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција опфаќа осум физички лица. Постојат сомневања дека овие лица сториле повеќе кривични дела кои резултирале со значителна штета врз буџетот на македонските граѓани“, изјави Тошковски.

Истрагата за злоупотребите во државните игри на среќа се проценува проневера од речиси  8,2 милиони евра . Груби, Бајрами и останатите осомничени за криминалите во Државната лотарија ќе одговараат за малверазациите со тендерите за набавка на нови коцкарски апарати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи