На 18.12.2024 во 01.30 часот на ул. „Илка Присаѓанка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп. Тој бил фатен при извршување на тешка кражба во товарно возило. Украденото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.