По повод утрешниот празник и патрон на нашиот град Прилеп, Св. Никола, денеска во Прилеп се отвори изложбата на икони од Златко Лечкоски со наслов „Благовестие во бои“ која се одржа во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“. Изложбата, посветена на Св. Никола понуди уникатно духовно искуство преку уметничките дела кои ја слават светлината и духовната сила на нашиот заштитник.
Традиционално кај параклисот на Св. Никола, во паркот во Жабино Маало, се одржа прережување на славскиот колач и водосвет.
„Топлината и сплотеноста на оваа заедница го прават празнувањето уште поубаво и посебно. Нека Св. Никола ни донесе здравје, мир и благосостојба. За многу години!“, вели градоначалниукот Борче Јовчески, а годинава на празникот Свети Никола е токму Општина Прилеп.