Со голема радост, храмот „Св. Петка“ ги известува најмладите прилепчани дека по повод патронот на нашиот град, Св. Николај, во нашиот храм ќе се отслужи Божествена Литургија и секое дете што ќе присуствува или ќе се причести на Светата Литургија ќе добие на подарок примерок од книшката „Приказна за Св. Никола“, која е адаптирано житие на светителот. Оваа книшка е плод на успешната соработка меѓу нашиот храм и ООУ „Блаже Конески“.
„Ги покануваме сите деца, заедно со своите родители, баби, дедовци и најблиски, да дојдат и заеднички да го чествуваме закрилникот на нашиот град – Св. Никола, архиепископот Мирликиски и чудотворец.
Нека Божјиот благослов и заштита на св. Никола бидат со сите нас!“, велат од храмот „Св. Петка“ – Прилеп