ВИДЕО – ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп го одбележа патрониот празник – 100 години од камен темелникот на објектот и 70 години од просветителската дејност


ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп денеска го одбележа својот патрон празник. Ова училиште годинава одбележува и 2 други значајни јубилеи, 100 години од камен темелникот на објектот и 70 години од просветителската дејност на ова училиште под името „Кочо Рацин“.

Основното училиште „Кочо Рацин“ – Прилеп е најстара воспитно – образовна институција во градот. Зградата на централното училиште е изградена во 1924 година. Нејзината долгогодишна традиција има богата историја. Со решение на Народниот одбор  при Градското собрание во 1924 година, биле поставени темелите на училишната зграда.  Училишната зграда била завршена и предадена на училишните власти во 1926 година. Се споменува дека била прва НИЖА гимназија и го носела името на истакнатиот  револуционер Рампо Левката. Од 1926 до 1941 година била четиригодишно основно училиште. Во 1941 година е донесено Решение за доградба на уште еден кат. Доградбата започнала со средства собрани од доброволен прилог од населението, а истата  завршила во учебната 1945/46 година и се именува како „ Полна гимназија на градот “.

Со Решение бр. 34 од 10.09. 1954 година на Народниот одбор на Градската општина – Совет за просвета и наука, се отвора ново четиригодишно основно училиште „Кочо Рацин “ во зградата на нижата гимназија „Рампо Левката “.

Денеска се положи свежо цвеќе пред новата биста на Кочо Рацин која се наоѓа во училишниот двор, а потоа учениците изведоа и програма посветена на патронот, нашиот великан Кочо Рацин.

Погледнете дел од програмата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи