ВИДЕО – Мисирлиевска: Состојбата е повеќе од загрижувачка во локалните средини, се создаваат медиумски пустини


Проблемите за кои зборуваа колегите не се од вчера, овие состојби траат со години и ние сме разговарале за овие теми при сите средби на еснафските здруженија, ЗНМ и синдикатите, но чинам дека вака јавно документ прв пат создаваме, што можеби и е задоцнето, но подобро некогаш отколку никогаш, кажа на денешната прес конференција во Прилеп, Емилија Мисирлиевска, новинар и член на ССНМ.

„Овој манифест, има 9 точки:

  • Основање на Фонд за медиумски содржини;
  • Промена на правната регулатива со цел задолжување на националните радиодифузери да вработат дописници од сите плански региони во државата;
  • Поголема транспарентност на националните и локалните власти и прекин на практиката на создавање паралелни псево-медиуми во рамките на кабинетите;
  • Препознавање на јавниот интерес од страна на правосудните органи во поглед на правото на слобода на информирање во случаи во кои новинарите се тужена страна;
  • Поголема ажурност на полицијата и правосудните органи во случај на напади и закани врз медиуми и медиумски работници;
  • Формирање на јавни сервиси, локални или регионални медиуми во планските региони.
  • Поддршка на локалните медиуми преку субвенционирање на придонесите за пензиско и здравствено осигурување за новинарите и медиумските работници;
  • Вовеување на активни мерки за вработување на млади новинари и медиумски работници во локалните медиуми;
  • Обезбедување простории за новинарски прес центри за потребите на локалните новинари и дописници.

Кажаа колегите дека состојбата е повеќе од загрижувачка во локалните средини, не очекуваме никој дека сите овие проблеми ќе ги решиме веднаш, сега и одма, искрено се надевам дека ќе допрат до сите оние до кои се адресирани, затоа што навистина сме во исклучително тешка состојба, а тоа е на штета не само на новинарите и новинарството, туку и на целата јавност и општеството. На овој начин, со создавање на вакви медиумски пустини во регионите ние отстапуваме простор на парановинари, парамедиуми и на дезинформации“, кажа Мисирлиевска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи