Разговаравме околу тековните проблеми кои ги имаат новинарите и медиумските работници, пред се на локалните и регионалните медиуми во Македонија. Отворени се за соработка, ги поканивме да бидат присутни на еден од наредните економско-социјални совети, каде ќе се дискутира од она што произлезе од нивниот Манифест или предлог околу намалувањето или укинувањето на одредени придонеси, односно на земањето на плати на сите медиумски работници на локално ниво, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија, кој денескка во Прилеп се сретна со членовите на ССНМ.
„Како што знам, нашиот премиер вети дека ќе има одредени промени и како што знам досега нашиот премиер и ВМРО-ДПМНЕ се што ветиле ќе го исполнат, така и она ветување кое беше предизборно за новинарите, пред се во однос на придонесите, односно укинување на одредени придонеси, мислам дека во текот на наредниот период со една поширока дискусија и еден социјален дијалог мислам дека ќе биде решено.
Затоа треба да се направи една поопсежна анализа, тука ќе биде нормално вклучено и Министерството за финансии, да видиме какви импликации би имало врз Буџетот и доколку дојдеме до заеднички јазик јас се надевам дека од идната година ќе има и одредени законски промени“, додаде Ристески.