Денес продолжува мониторингот на учесниците во новогодишната кошничка, односно маркетите кои се и директно поврзани со потрошувачите, односно купувачите. Се наоѓаме во маркетот Футура, тоа е еден од локалните синџири на маркети во Прилеп, ги има повеќе маркети, преку 20, гледаме дека производите кои ги понуди Стопанската комора во новогодишната кошничка се одлично означени со претходната цена која е прецртана и најмалку 10% намалување за новата цена. Тоа е добро за визуелен ефект на граѓаните да можат прво да ги препознаат овие производи, меѓутоа и да ги купат по поевтина цена, истакна денеска заменик минитерот за економија Марјан Ристески.
„Инаку да напоменам дека кошничката моментално содржи околу 1.000 производи, 50-тина маркети и над 500 продажни пунктови во Македонија како синџири на маркети кои ги има во сите општини. Мислам дека мерката ќе тече во најдобар ред, онаму каде има одредени замерки кај купувачите и потрошувачите, можат слободно да се јават на бројот 191 од пазарната инспекција, да пријават и да бидат коригирани грешките. Онаму каде што ќе се повторуваат грешките можат и да бидат казнети по Законот за заштита на потрошувачи.
Денес бевме во мониторинг со дел од претставниците на бизнис заедницата, ќе продолжиме и понатаму низ градовите да вршиме мониторинг на цените од новогодишната кошничка и во еден од тие мониторинзи не само бизнис секторот туку ќе бидат вклучени и синдикатите и Организацијата на потрошвачи на Македонија.
Имаше одредени мали прекршувања во однос на цените и процентот, но како што имам информација од Државниот пазарен инспекторат тоа беа мали прекршувања, меѓутоа еве пак ги повикувам граѓаните ако имаат такви замерки да пријават слободно, а ние ќе постапиме понатаму, дали со маркетите, производителите, дистрибутерите, добавувачите, таму каде ќе се востанови дека има одреден проблем. Да напоменам дека оваа кошничка, односно оваа мерка и акција не произлегува од Министерство за економија и Влада, произлегува од бизнис секторот, а ние само ја поддржавме. Пред се голема благодарност на сите фирми и маркети кои учествуваат во оваа општествено одговорна мерка, пред се во интерес на заштита на стандардот на граѓаните“, рече Ристески.