Општествено одговорната компанија Авто Контрол донираше 55 комплети капчиња, шалчиња и нараквици за децата со посебни потреби.
„Среќна Нова Година! Нека оваа година биде исполнета со радост, успеси и многу насмевки. Секој ваш сон заслужува да се оствари, секој ваш труд заслужува аплауз. Нека срцата ви бидат исполнети со љубов, а деновите со светлина и топлина“, велат од Авто Контрол.
„Денес фирмата Авто Контрол ја демонстрира својата општа одговорност и хуманост со својата донација, верувајќи во моќта на образованието за сите деца, без разлика на нивните предизвици. Вашата поддршка е светло за иднината на децата со посебни образовни потреби, овозможувајќи им да го остварат својот потенцијал и да изградат самодоверба во своите способности. Благодарение на фирмите како вас,, тие добиваат шансата да се развиваат и да се издигнат во подобри личности“, соопштуваат од ООУ Климент Охридски.