Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата.
Промена на цената има кај ЕУРОДИЗЕЛ, кој поскапува за 0,5 денари и од утре на бензинските пумпи ќе се продава по цена од 71 денар.
Цената на бензините останува иста, односно ЕУРОСУПЕР 95 е со цена од 76,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ 79 денари по литар.
Се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство – 70,5 денари по литар ќе изнесува од вечерва на полноќ. Цената на мазутот има незначително зголемување од 0,1 денар по килограм.