Три медали, злато, сребро и броза за БК „АС“ Прилеп на државното првенство на Македонија во Битола



На државното првенство на Македонија во бокс што се одржа во Битола на 21 и 22 декември, БК АС од Прилеп учествуваше со тројца боксери. Организатори беа БК Пелистерски Јунак и Националната Боксерска Федерација. Стефан Пупалески до 80кг. го освои златниот медал во сениорска конкуренција. Мартин Трајкоски до 52 кг.го освои сребрениот медал во кадетска конкуренција. Влатко Димоски до 66 кг. го освои брозениот медал во јуниорска конкуренција.

„Сите наши боксери покажаа добри борби со прикажана одлична техника. Со овој голем резултат ја завршивме сезоната со натпревари. Од наредна година почнуваме со боксерската лига на Македонија во која планираме да се пласираме во првите позиции и да направиме нови шампиони. Честитки за нашите боксери“, велат од БК „АС“ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи