Мицкоски: Срамота е ова што го прават супермаркетите пред празниците – инспекциите ќе бидат жестоки

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Христијан Мицкоски се налути на трговците откако ги покачија цените на производите кои не се опфатени во т.н. Новогодишна кошница и најави дека ќе побара од инспекторатот да спроведе жестока акција за да се справи со маркетите кои манипулираат со цените.

„Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, солта, јајца и слично. Трикови не може. Тоа нема оваа влада да толерира и жестоко има да се справиме со овие коишто мислат дека не надмудриле. Нема такви коишто мислат дека со трикови ќе не надмудрат. Апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето“, рече Мицкоски.

Мицкоски од Државниот пазарен инспекторат ќе бара детална анализа за тоа како се движеле цените на производите во изминатиот период.

„И ќе побарам од пазарниот инспекторат детална анализа како е покачена цената во изминативе 30 дена на овие производи. Срамота е ова што го прават пред празниците коишто доаѓаат. Сакавме добра волја да покажеме, сакавме да се договориме, видете како враќаат. Ова не е коректно и јас денеска од страна на Владата, од страна на министерот за економија и труд под чии ингеренции спаѓа пазарниот инспекторат, ќе побарам вонредна инспекција, робусна акција и ова девијантно внесување со трикови да престане“, рече Мицкоски.

Деновиве граѓаните реагираат дека се покачени цените во маркетите на дел од основните прехранбени производи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи