Новогодишен саем на книги во кафе-галерија „Лувр“ во Прилеп

Во последниот викенд од месец декември, петок и сабота (27-28.12.2024 година), во Прилеп, во организација на Винтер Априкотс, ќе се одржи мал новогодишен саем на книгата. Домаќин ќе биде кафе-галерија „Лувр“, симпатичен урбан простор со проверено пријатна културна атмосфера и уметнички амбиент.

„Лувр веќе стана место кое ги отвора вратите и ги собира прилепчани за најразлични културни настани и случувања, а со тоа си направи и еден круг на пријатели кои знаат да го ценат тој срдечен однос и пристап. Освен можноста за збогатување на вашите домашни библиотеки со уште некој наслов, како за возрасните така и за најмладите, ова е добра шанса да се преброиме, да испиеме понекоја пијачка, подобро да се запознаеме меѓусебно, да разговараме за она што нѐ засега и заедно да се бориме против културната ерозија во нашиот град.

Качете се на возот заедно да го прошириме кругот на културни ентузијасти, враќајќи ги вистинските вредности на пиедесталот и спречувајќи ја ерозијата која нѐ демне. Во време на предновогодишни забави, ова е нашиот одговор на истите. Придружете ни се да ја направиме нашата во наш стил“, велат организаторите.

На саемот може да се најдат наслови за деца и возрасни од следниве издавачи:

  • ПНВ Публикации / PNV Publishing
  • Полица
  • Бата прес
  • Prozart Media

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи