Апасиев: Ќе бараме инспекторат за државните симболи

Facebook
Twitter
Email
Print

Веднаш по празниците, покрај овој Закон за патни трошоци, ние ќе поднесеме и Закон за посебен инспекторат за државни инсигнии, истакна пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев.

„Дали знаете дека ние кога поднесовме претставка против еден Министер на ДУИ, што го стави албанското знаме само, од инспекциски совет ни одговорија дека не постои инспекторат на толкава служба. На толкави бирократии кај нас, не постои надлежен инспектор за знамињата, грбот и за химната. Значи, имаме инспектор на диво за албански јазик, кој ќе дојде да виде дали печатите, штембилите ви се двојазични, ама немаме инспектор за македонскиот јазик. Видете кој е апсурдот, немаме инспектор за македонската химна! Во која држава ние живееме?“, истакна претседателот на Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи