Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката кај Рашче – познат идентитетот на загинатите

Facebook
Twitter
Email
Print

Се уште трае потрагата по уште едно лице кое се води како исчезнато по вчерашната страшна сообраќајка на патот кон селото Рашче во која загинаа три лица. Физички го бараат екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, а вклучени се и дронови.

„Се трага по А.А. (56) од с.Грчец, скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот“, велат од МВР.

Од полицијата ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од село Грчец. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

„По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, додаваат од МВР.

На 2 јануари 2025 година, околу 16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило изгубило контрола и излетало од локалниот пат Сарај – село Рашче и паднало во реката Вардар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи