На 02.01.2025 во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.