Денеска во општина Прилеп регистрирани се 9 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот.
Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на КОВИД-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка. Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)