Опозицијата во Прилеп на чело со СДСМ повторно се обидува развојот на Прилеп да го претстави како политичка приказна и притоа намерно премолчувајќи што е направено, што се гради и што се реализира со средства на Општина Прилеп, со поддршка на Владата и ресорните министерства. Затоа ќе одговориме со конкретни проекти, бројки и факти, истакна Елеонора Костоска-Јованоска, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на Општина Прилеп.
Прво, за она што беше предмет на посетата на премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„ТАБАНА“ – ПРОЕКТ ОД НАД 2 МИЛИОНИ ЕВРА
Изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“ е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и безбедност во централното градско подрачје.
Вкупната проектна вредност изнесува 141,35 милиони денари, од кои 15,32 милиони денари се сопствени средства на Општина Прилеп, додека останатиот дел е обезбеден со поддршка од Владата преку Министерството за транспорт.
Проектот опфаќа проширување и санација на мостот „Табана“, со траса во должина од 360 метри, проектен опфат од 4.767 квадратни метри, регулација на речното корито, изградба на канал, електрични инсталации и осветлување и поставување соодветна сообраќајна сигнализација.
Значи, не станува збор за „обичен кружен тек“, туку за сериозен инфраструктурен зафат кој треба трајно да го реши едно од најголемите сообраќајни тесни грла во центарот на Прилеп.
Точно е дека проектот е во реализација и дека има потреба од продолжување на рокот.
Во текот на реализацијата се појави потреба од измени во проектната документација, поради што се спроведуваат дополнителни процедури за усогласување. Паралелно се работи на санација на постојниот армирано-бетонски мост, изградба на каналот и регулација на речното корито.
Водоводната мрежа НА „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ“ – РЕШАВАМЕ ПРОБЛЕМ СТАР СО ДЕЦЕНИИ
Паралелно со проектот „Табана“, беше извршен увид и во реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски“.
Проектот се реализираше со поддршка на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, во вредност од 5.902.588 денари.
Се реконструираше главен транспортен цевковод кој ја носи водата од резервоарот во Варош, а старите азбестно-цементни и метални цевки се заменуваат со современи полиетиленски цевки.
300 метри главна водоводна линија Ф-315, како и дополнителни 140 метри Ф-63 секундарна мрежа, со поврзување на куќните приклучоци.
A рехабилитацијата на улицата во должина од 300 метри, на површина од околу 3.000 квадратни метри, Општина Прилеп ќе ја реализира со сопствени средства. Да напоменеме дека за подобрување на патната инфраструктура во Општина Прилеп обезбедивме 168 милиони денари за следните три години, од кои 60 милиони денари се предвидеи само за оваа година.
И тоа е одличен пример како се работи: државата инвестира во водоводната инфраструктура, а Општината го продолжува зафатот со сопствени средства за граѓаните да добијат комплетно решение.
Да се потсетиме и на неодамна завршените проекти:
РЕКОНСТРУИРАН КЕЈОТ „1-ВИ МАЈ“
Целосно е реконструиран тротоарот по должината на „Кеј 1-ви Мај“ до железничкиот мост.
Поставени се нови бекатон-плочки, ново улично осветлување и урбана опрема.
Вредноста е околу 7 милиони денари, обезбедени преку Министерството за транспорт во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.
НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „РАМПО ЛЕВКАТА“
Во дворот на училиштето е изградено современо баскет-игралиште со тартан подлога и ново осветлување.
Инвестицијата е 1,3 милиони денари од Буџетот на Општина Прилеп.
НОВА ФАСАДА НА „РАМПО ЛЕВКАТА“
Комплетно е реконструирана фасадата со поставување нова термоизолација, со што се подобрува енергетската ефикасност на училиштето.
Вредноста е 5,3 милиони денари, преку Министерството за образование и наука.
РЕКОНСТРУИРАНО СПОРТСКО КАТЧЕ ВО ТОЧИЛА
Реконструирани се игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка, поставени се нови фитнес реквизити и создаден е современ простор за спорт и рекреација.
Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за спорт.
НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ТИПСКИ
Изградено е ново детско игралиште во близина на стадионот со вештачка трева.
Поставени се гумена спортска подлога, песок за играње, лулашки, лизгалки, клупи, осветлување и зелени површини.
Вредноста е околу 4 милиони денари, преку Министерството за спорт, а за скоро ќе започниме и со изградба на уште едно ново детско игралиште позади Участакот во центарот на градот.
УРЕДЕН ПОСЛЕДНИОТ ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ „МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО“
Уредена е јавна површина од 2.100 квадратни метри, со нова урбана опрема, повеќе од 20 нови клупи, зеленило, корпи за отпадоци и декоративни елементи.
Инвестицијата е 16.356.730 денари, обезбедени преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата.
РЕКОНСТРУИРАНА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО КАРАБДАЛИЦА
По повеќе од 70 години, старата водоводна мрежа е заменета со нова.
Реконструирани се 1.240 метри водоводна мрежа, изведени се 124 нови приклучоци и поставени се 7 нови хидранти.
Вредноста на проектот е околу 10 милиони денари.
ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „МЕТАЛЕЦ“
Се реконструира и асфалтира патна мрежа во должина од 973 метри, со коловоз широк 7 метри, тротоари од по 2 метри од двете страни и ново улично осветлување.
НОВА СЕРВИСНА УЛИЦА КАЈ „ЖИТО ПРИЛЕП“
Изградена е нова сервисна улица во должина од 392 метри, со коловоз од 7 метри, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и современо улично осветлување.
Директна поддршка на стопанството и создавање услови за нови инвестиции, за нови производствени капацитети и нови работни места.
ПРИЛЕП – МЕЃУ ПРВИТЕ ГРАДОВИ СО ЦЕНТАР ЗА УСЛУГИ
Во Прилеп е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација.
Граѓаните преку принципот „една врата“ добиваат пристап до повеќе од 350 услуги за граѓани и над 700 услуги за компании преку Националниот портал за е-услуги.
НОВИ ТРОТОАРИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ НА „11-ТИ ОКТОМВРИ“
Се реализира реконструкција на тротоари и велосипедски патеки на површина од околу 2.800 квадратни метри, во должина од 520 метри, заедно со реконструкција на уличното осветлување.
Паралелно се поставуваат и технички средства за забавување на сообраќајот на повеќе од 20 локации низ општина Прилеп.
Проектите се реализираат преку Министерството за транспорт, во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта со финансиска поддршка од Светска банка.
ФОТОНАПОНСКА ЦЕНТРАЛА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА
Инвестиција од 10.137.176 денари преку Министерството за транспорт.
Поставена е фотонапонска електроцентрала со капацитет од 540 kW, со која се создаваат услови за производство на електрична енергија од обновливи извори за потребите на пречистителната станица на ЈКП Водовод и канализација, со што се разбира ќе ги намалиме режиските трошоци за електрична енергија.
Отворивме Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење!
Центарот има капацитет за максимум 48 корисници, а сите заинтересирани граѓани се пријавуваат и аплицираат преку Центарот за социјални работи – Прилеп.
Овој значаен проект е резултат на заедничка работа, посветеност и партнерство на нашата Општина со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка и Центарот за развој и едукација – Прилеп, кој ќе го води и координира овој проект, а воедно е наш долгогодишен и посветен партнер во создавањето и унапредувањето на квалитетни социјални услуги.
Во фаза на реализација се и изградбата на водоводните мрежи во населените места Селце и Лениште преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Вредноста на инвестициите изнесува 6 милиони денари за Селце и 18 милиони денари за Лениште, проекти со кои што трајно ги решавме проблемите со водоснабдувањето и ги подобруваме условите во овие населени места.
Исто така значаен проект претставува изградбата на дел од улицата Победа, од крстосницата со улицата „Александар Македонски“ до крстосницата со улицата „Павел Шатев“ и вториот дел на проектот изградба на мост на истоимената улица. Овие проекти се со вредност од повеќе од 100 милиони денари преку Министерството за транспорт.
Исто така за многу скоро започнуваме со реализација на следниве проекти:
-Комплетна реконструкција на улицата Трајко Николоски, проект што се реализира преку Министертвото за транспорт со вкупна вредност на двете фази на проектот од околу 67 милиони денари.
-Реконструкција на улицата Орде Чопела, влезот на Прилеп од страната на Македонски Брод, капитален проект од огромно значење , реализација исто така преку Министерството за траснпорт во висина од 120 милиони денари. (за овие два проекти имаме потпишано веќе договори за изведба со изведувачите)
-И поставување на полуподземни контењери, проект кој што е во фаза на потпишување договор, станува збор за поставување на полуподземни контењери на 21 локација низ градот, средствата се преку Министерството за животна средина во висина од околу 18 милиони денари.
Паралелно на сите овие инфраструктурни проекти, во 2026 година средствата за поддршка на културни манифестации во Буџетот ги зголемивме од 4 на 12 милиони денари, а за спортските клубови и здруженија се издвоени 14,5 милиони денари од општинскиот буџет.
Формиран е Локалниот младински совет, со што младите добија директен механизам за учество во креирањето на локалните политики.
А само во јуни и јули во Прилеп се реализирани и поддржани од Општина Прилеп околу 120 културни, спортски, музички, забавни и едукативни содржини.
Речиси два настани дневно.
Особено младите во сите овие настани беа присутни или како организатори, учесници или како публика.
Развојот на една општина се мери и зависи од сите овие фактори и затоа развојот на Прилеп не е приказна од еден проект.
Тоа е системска работа, работа на градоначалникот Дејан Проданоски, кој заедно со Советот на Општина Прилеп, општинската администрација, јавните претпријатија и сите служби на локалната самоуправа ја спроведува програмата и заедно ги реализираме проектите.
И тука треба да се спомене и работата на ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“,ЈП за ПУП, ЈКП „Пазари“, ТППЕ – Прилеп и останатите општински структури, кои секојдневно се на терен и ги извршуваат своите обврски.
Локалната самоуправа на Општината се илјадници луѓе кои секојдневно работат за градот.
Успех е кога граѓанинот ќе помине по нов тротоар, кога детето ќе игра на ново игралиште, кога ученикот ќе добие признание за својот успех, кога младиот музичар ќе добие сцена, кога спортскиот клуб ќе добие поддршка, кога ќе се замени 70 години стара водоводна мрежа, кога ќе се уреди индустриска зона, кога ќе се изгради нова улица, кога граѓанинот ќе заврши државна услуга побрзо и поедноставно,
кога се вложува во обновливи извори на енергија и кога државата и локалната власт работат заедно за реализација на капитални проекти.
Ќе продолжиме да работиме и да ги објавуваме вредностите, договорите, изведувачите, роковите и фазите на реализација, за граѓаните сами да можат да проценат кој работи, а кој само зборува.
Прилеп не се развива со соопштенија туку со посветена работа.
И токму затоа градоначалникот Дејан Проданоски, Советот на Општина Прилеп, општинската администрација, јавните претпријатија и сите вработени кои секојдневно се на терен продолжуваат да работат.
Без разлика дали некој тоа ќе го пофали или ќе се обиде политички да го омаловажи.
Зашто на крајот, најважниот судија се граѓаните, а најдобриот доказ се резултатите што остануваат зад нас.
Општина Прилеп ќе продолжи со реализација на проектите, повеќе инвестиции, повеќе можности за младите и подобри услови за живот за сите прилепчани.